Во Босна и Херцеговина во последните 24 часа се регистрирани 180 нови сличаи на инфекција со коронавирусот, објавија во четвртокот заводите за јавно здравство на Федерацијата БиХ и на Републка Српска.
Во средата биле тестирани 1.758 примероци, при што заразата е потврдена кај 122 лица во Федерацијата БиХ и кај 58 луѓе во ентитетот Република Српска.
Поединечно најголем број новозаразени има во Сараево, каде се потврдени 27 случаи, во Бања Лука има 9 и во Пале 7 случаи.
Бројот на новозаразените објавен во четвртокот е поголем во однос на средата, кога заразата беше потврдена кај 152 луѓе.
Вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата во БиХ сега е поголем од 4.700 луѓе, а град со најголем број потврдени случаи е Бања Лука, каде од болеста Covid-19 заболеле 750 луѓе. Второто најголемо жариште е Сараево со 382 потврдени случаи, а на трето место е Тузла со над 250 случаи на коронавирусот.
Епидемиолозите во БиХ и натаму му препорачуваат на населението во прв ред строго да се придржува до припишаните мерки за физичка дистанца, носењето заштитни маски и дезинфекција на рацете, како и избегнување масовни собири.
Дополнителни ограничувања се воведени во Сараево каде што поради секојдневното зголемување на бројот на заразените, локалните власти го ограничија работењето на угостителските објекти до полноќ.