Во Босна и Херцеговина во неделата се потврдени 263 нови случаи на зараза со новиот коронавирус, што е за педесетина помалкуи во однос на дневниот просек оваа седмица.
Според податоците на ентитетските заводи за јавно здравство, во Федерацијата БиХ се тестирани 704 премиерот а заразата е потврдена кво 154 случаи. Во Република Српска, пак, тестиран е 401 примерок, оа 109 биле позитивни на коронавирусот.
Во последните 24 часа пријавени се два смртни случаи како последица на зараза со коронавирусот, а починатите е постари жена и маж, и двајцата од едно место во источна Босна.
Севкупно до неделата бројот на заразените со коронавирусот во земјата се движи малку над 10.000, додека 285 лица починале