Во Босна и Херцеговина во средата се регистрирани речиси 900 нови случаи на зараза со коронавирусот, што претставува голем скок во однос на периодот до средината на фервруари и се смета за уште една потврда дека епидемијата во оваа земја повторно почнува да се шири додека почетокот на вакцинирањето на населнието доцни.
Според податоците на ентитетските заводи за јавното здравство врз основа на околу 4.100 анализирани примероци, коранавирусот е потврден кај 894 заразени лица, а починале 29 заразени лица. Од минатата седмица БиХ бележи раст на дневниот број на новозаразените, но тој не беше толку висок каков што е во средата.
Од избувнувањето на епидемијата во март 2020 година, во БиХ досега заразата е потврдена кој малку повеќе од 133.000 лица, а спроведени се малку повеќе од 660.000 тестирања. Починале 5.102 лица заразени со коронавирусот.
Зимскиот период од средината на декември минатата година до средината на февраури годинава донесе сразмерно стабилна епидемиолошка ситуација, но тоа сега е променето. Новото ширење на заразата особено е изразено на областа на главниот град Сараево, каде што веќе со денови се бележат повеќе од 300 случаи на дневно ниво, а пред здравствените домови и амбулантите каде што се третираат лица заболени со Covid-19 сѐ подолги се редовите.
И покрајт овој факт, но и сразмерно со благите мерки за ограничување на работата на угостителските локали во Сараево во средата угостителите бараа да им се дозволи продолжување на работата до полноќ, односно изведување на жива музика во угостителските објекти, што е од почетокот на седмицата е дозволено на територијата на Република Српска.
Бројот на заразените во БиХ се зголемува истовремено додека трае неизвесноста околку набавката на вакцината. Освен 22.000 дози на руската вакцина „Спутник V“ која ги набави Република Српска и 10.000 дози кои за Федерацијата БиХ, во вторникот ги подари Србија а лично ги донесе српскиот претседател Александар Вучиќ, БиХ досега не доби ништо од очекуваното количество од 1,23 милиони дози од вакцината од западните произведувачи. Сега како рок за испораката на вакцината се споменуваат април и мај, кога наводно во земјата треба да бидат донесени над 100.000 дози од вакцината на „AstraZeneca“.