Во Босна и Херцеговина во средата се потврдени 324 нови случаи на зараза со коронавирусот што е најголем број во еден ден од избувнувањето на епидемијата, и пет нови смртни случаи, според податоците кои ги објавија ентитетските заводи за јавно здравство.
Во изминатите 24 часа во Федерацијата БиХ биле тестирани 1.209 примериоциу а заразара е потврдена во 190 случаи. Во Република Српска тестирани се 653 примероци а 134 биле позитивни на коронавирусот.
Поединечно, најголем број новозаразени има во Сараево каде во последното деноноќие коронавирусот е потврден кај 67 лица а починале двајца пациенти кои биле на болничко лекување. Уште една жена заразена со коронавирусот починала во болницата во Мостар.
Во Република Српска најголемо жариште на епидемијата е Бања Лука каде што со новите 20 случаи има повеќе од илјада од појавата на епидемијата. Во овој ентитет од вторникот немало смртни случаи. Во болницата во Зворник во источна Босна заразен е директорот, двајца лекари и шест медицински сестри.
Во целата БиХ во моментов има повеќе од 4.500 активни случаи на зараза со коронавирусот. Во оваа земја од избувнувањето на епидемијата во март изведени се повеќе од 120.000 тестирања а заразата е потврдена кај 8.875 случаи на зараза, и 263 смртни исходи.
Претставниците на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) во БиХ во средата донираа 20 тони заштитна опреме за болниците наменета за здравстените работници. Донацијата содржи трислојни маски, очила, одела и ракавици.