
Припадниците на полицијата и Министерството за внатрешни работи на Република Српска уапсија утрово неколку лица во акцијата која беше спроведена во Сараево и Источно Сараево.
Повикувајќи се на свој извор, „Независне новине“ пишуваат дека се упасени поранешниот министер а внатрешни работи на Босна и Херцеговина, Алија Делимустафиќ и Јусо Шкријељ, поранешниот телохранител на Алија Изетбеговиќ.
Азра Бавчиќ, портпаролот на Обвинителстовто на Кантонот Сараево потврди дека е во тек реализацијата на акцијата „Правда“, која се остварува во соработка со Бирото за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) и МРВ на РС.
– По повеќемесечната истрага Обвинителството на КС во тек е реализација и апсење на повеќе лица. Се врши претрес на 60 колации на подрачјето на Федерацијата Босна и Херцеговина, Република Српска и Хрватска, истакна Бавчиќ.
Станува збор за кривични дела за организиран криминал поврзан со злоупотреба на службена должност, повреда на правото на судијата, перење пари и измами.