Во БиХ шеста смрт поврзана со коронавирусот, вкупно 264 заразени

Вкупниот број починати во Босна и Херцеговина поради зараза со коронавирусот во саботата е зголемен на шест лица, откако нов таков слулај е потврден во местото Рибник, а станува збор за тежок хронично болен пациент.

Министерот за здравство на ентитетот Република Српска, Ален Шераниќ, потврди дека во текот на вечерта во саботата починала повозрасна жена, којашто била хронично болна и со тестирањето било потврдена дека била заразена и со коронавирусот.

Претходно во саботата во болницата во Мостар починал маж на средна возрат, кој исто така бил заразен со вирусот SARS CoV-2, а потврдено е дека и тој бил хронично болен.

До саботата вечерта во БиХ заразата со короанвирусот е потврдена кај 264 лица, а поединечно најголем број заразени и натаму има во Бања Лука, каде што се регистрирани 104 случаи. Поради тоа, властите на Република Српска, прогласија вонредна состојба, која сѐ уште не е преземена како мерка во Федерацијата БиХ.