5.8 C
Skopje
недела, декември 15, 2024

Во Битола гостува ракометниот гигант Магдебург

Вечер во Битола во рамки на натпреварите од европската ракометна лига ќе гостува „бундес“ гигантот Магдебург од истоимениот германски град.

Во пресрет на првата осмина-финална средба, тренерот на битолчани Жељко Бабиќ изјави дека против Еурофарм Пелистер никој не може да се смета за фаворит.

– Среќни сме што во Битола ни доаѓа моќна германска екипа која во моментов е второпласирана во домашното првенство. Ги познаваме нивниот квалитет и слабости, и затоа со оптимизам ја дочекуваме вечерашната прва средба, истакна Бабиќ.

Во тимот на Магдебург настапуваат искусни скандинавски интернационалци од Данска, Шведска, Норвешка, како и репрезентативците од Балканот, односно Жељко Муса од Хрватска и Марко Безјак од Словенија, но поради КОВИД-мерки, натпреварот што почнува во 20.45 часот ќе се игра без публика.