Во Битола почна реконструкцијата на салата „Боро Чурлевски“

Македонскиот ракометен шампион Eурофарм Пелистер во изминатата сезона стана шампион на Македонија, а со тоа доби прилика да настапува во Лигата на шампионите, но со сегашната ситуација салата „Боро Чурлевски“ не ги исполнува потребните услови.

Oпштина Битола издвои сума од 18.301.8000 денари за реконструкција, а ќе има и соработка со неколку приватни форми и јавни претпријатиа.

Според најавите првата комисија на ЕХФ треба да ја посети Битола на почетокот на јули, додека најверојатно во август ќе биде донесена конечната одлука дали битолскиот клуб ќе може своите натпревари да ги игра во оваа сала.