Во Битола пронајдена дрога и оружје, приведен дилер

На 26.10.2022 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода А. Д.(26) од Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени хероин, пиштоли и куршуми.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.