Во Битола пронајдени 1.408 пушки од балканските војни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 714 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 61,84%, а 38,16% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон Полиција биле упатени 61,73 %, кон Итната медицинска помош 31,69 %, а кон пожарникарите 1,23 %, од реалните повици кон 112 во ЦУК. Инаку, имало 667 повици за итни случаи на 112 за во ЦУК, што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици (5,35%) и на тие што се именувани како „неитни повици“(38,16%). Сите тие биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

Има еден пожар на отворено во последното деноноќие. Пожарникарите од ТППЕ Радовиш од 18:30 часот гаснеле до доцна во ноќта шумски пожар во с. Коџалија, над гробиштата. Била зафатена со пожарот добова шума согласно лоцираноста на пожарот од екипа од 3 вработени од Национални шуми подружница „Плачковица“ каде што теренот бил и непристапен. Дејствувањето врз пожарот во текот на денешниот ден ќе продожи.

Регионалниот ЦУК Битола, известува дека во близина на поранешниот гарнизон во Битола, при изведување на градежни земјени работи пронајдени се 1 408 пушки од минатите балкански војни и истите се подигнати и складирани на безбедно од страна на ДЗС Битола.

Се предупредуваат граѓаните ако случајно пронајдат оружје, бомби, гранати и слични неексплодирани бојни средства (НУС) од минатите војни да не ги фаќаат и да не ги поместуваат, туку едноставно да ја пријават локацијата и виденото на 112 во ЦУК, а потоа надлежните за НУС од Системот за управување со кризи безбедно ќе ги отстранат и неутрализираат, согласно стандардни оперативни процедури.

Голема внимателност се препорачува при појавата на локалните кратки, но нагли метео промени, таму каде што че ги има според најавите на УХМР. Препорачано е да се избегнува движење во засеци во природата, суводолици и многу блиску до речни корита, а и особена внимателност при грмежите и молњите, односно при силните електрични празнења: да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Истовремено се потсетува за внимателно возење, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на помали одрони при вакви променливи метео услови. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е потребно и е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

ЦУК изразува благодарност до медиумите за брзото пренесување на предупредувањата, како и за превентивните работи, а секако и за сите итни ситуации во нашата држава и за континуираната соработка во интерес на безбедноста и посигурното живеење на граѓаните, во случајот – од аспект на кризните и итни ситуации со коишто се справуваме заедно во општеството, секојдневно.