Во близина на клиника и училиште во Газа пронајдени ракети, беспилотни летала и експлозиви

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во средата наутро открија дека пронашле една од најголемите залихи ракети, беспилотни летала и експлозиви во близина на училиште и здравствена клиника во северниот дел на Појасот Газа.

За време на активноста на 460-та бригада на 50-от баталјон, пронајден е залиха во која „содржеше стотици проектили и фрлачи на РПГ од различни типови, десетици противтенковски ракети, десетици експлозивни полнења, проектили со долг дострел насочени кон центарот на Државата Израел, десетици гранати и беспилотни летала“.

„Оружјето го одзедоа силите, некои беа детонирани на терен, а дел беа испратени на понатамошна истрага“, се вели во соопштението на ИДФ.

„Сите терористички инфраструктури се пронајдени во близина на цивилни згради. Ова е уште еден доказ дека терористичката организација Хамас ги користи жителите на Појасот Газа како жив штит“, заклучува ИДФ.