Во болница во Дебар донесено повредено лице на територија на Албанија

Во Полициската станица Дебар синоќа во 23:45 часот било пријавено дека во Општата болница во Дебар бил донесен Е.М. од Албанија, со повреди во пределот на левата рака и лицето.

Е.М. бил донесен од С.Х. и Е.Ш. и двајцата од Албанија, со патничко моторно возило „Опел фронтера’’ со албански национални ознаки.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, подоцна, околу 40 минути по полноќ, во Полициската станица Дебар дошол С.Х. и изјавил дека во несреќен случај на територијата на Албанија Е.М. се здобил со повреди од ловечко оружје во сопственост на И.Д. од Албанија. Поради потреба од укажување на лекарска помош тие преку граничниот премин Џепиште -Требиште околу 23:20 часот ја преминале државната граница и дошле во Дебар. За случајот е известен јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.л