Вкупно 1.687 пациенти од ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и болниците во земјава. Од нив 1.000 пзциенти се во ковид центрите во болниците во земјава, додека 687 пациенти се на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка, информира Министерството за здравство.
Според податоците на Министерството моментално во земјава има слободни 340 болнички кревети.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 73 нови пациенти со ковид-19.
На Интерните и хируршки клиники имало 26 приеми.Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 18 примени пациенти и 16 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 2 нови болни и 9 пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина не се примени пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.
Моментално во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.Во ГОБ 8 Септември има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести 150, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30, на Клиниката за детски болести има 9 деца, а на ГАК има 9 пациентки со ковид-19. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 40 болни.
Во болницата во Битола се лекуваат 134 пациенти, во Штип – 75, Тетово – 44, Велес – 101, Куманово – 100, Охрид – 110, Прилеп – 129, Гостивар – 37, Струга – 22, Струмица – 99, Кочани – 26, Кичево – 34, Кавадарци – 68 и во Гевгелија -21.