Две бомби поставени покрај пат експлодираа во близина на автобус што превезувал војници во сириската престолнина Дамаск при што 14 лица загинаа, а тројца беа ранети. Меѓу жртвите има и деца кои во тој момент оделе во училиште.
Сириските медиуми информираат дека била откриена и трета бомба, но истата била демонтирана.
За нападот, досега никој не ја презеде одговорноста. Последниве години вакви напади во Дамаск се ретки, откако владините сили ги зазедоа предградијата што порано ги држеа бунтовниците.
Силите на претседателот Башар Асад сега контролираат голем дел од Сирија, откако воената помош од неговите сојузници Русија и Иран помогна да се намали рамнотежата на силите во негова корист.
Конфликтот во Сирија, кој започна во март 2011 година, остави повеќе од 350.000 луѓе загинати и расели половина од населението во земјата, вклучувајќи пет милиони кои се бегалци во странство.