Во борбите за Павловка загинале 1.400 украински војници, според Москва

Во борбите за местото Павловка, во југоисточниот проруски регион Доњецк кое беше под контрола на украинските трупи, загинале околу 1.400 украински војници, тврдеше во вторникот руското Министерство за одбрана чии информации не можат да се проверат од независни извори.

„Сојузничките сили на 14-ти ноември, како резултат на упорните борби, целосно ја ослободија населбата Павловка на Доњецката Народна Република“, соопшти министерството во Москва.

Со заземањето на Павловка се отвора коридор за натамошна офанзива на руските трупи во Донбас. Како што изјави еден од челниците на проруските сепаратисти во Доњецк, Денис Пушилин, без заземањето на оваа населба би било многу тешко да се заземе градот Улгредар, што е неопходна операција за да се потиснат украинските трупи подалеку од Доњецк.

Покрај тоа, во понеделникот беше објавено дека украинските трупи се повлекле од населбата Опитное, покрај Бахмут (руски Авдеевка), опколена од руските сили, при што припадниците на приватната воена компанија „Вагнер“ биле запленети важни документи на украинската војска и комуникациски системи.

Пред една седмица руското министерство за одбрана тврдеше дека односот на загубите во загинати и ранети војници меѓу украинската и руската страна е девет наспроти еден.

Според истиот извор, во жестоките борби за Павловка, руските сили собориле два украински борбени авиони „Су-25“, хеликоптер „Ми-8“, 12 тенкови, 27 пешадиски борбени возила, 30 други оклопни борбени возила, шест артилериски системи од кои два американски „М777“, 28 беспилотни летала и 25 други возила. Не се дадени информации за загубите на руските трупи.

Истиот извор во редовниот дневен брифинг за ситуацијата на боиштето во должина од повеќе од илјада километри, во Луганск руските сили успеале да одбија обид за напредување на две украински борбени групации.

Притоа се наведува дека во овие борби загинале 100 украински војници, биле уништени осум тенкови и три борбени оклопни возила и шест оклопни транспортери. Во оваа област биле нападнати вкупно 178 позиции на украинските сили, меѓу кои 82 артилериски позиции.