![brazil dezinfekcija korona](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/04/brazil-dezinfekcija-korona.jpg?resize=640%2C361&ssl=1)
Бројот на заболени од коронавирусот во Бразил се зголеми за 1.222 во последните 24 часа, достигнувајќи 10.278 болни, соопшти денеска државното Министерство за здравство.
Бројот на починати е зголемен за 72 – на 431, со стапка на смртност од 4,2 проценти.
Починатите претежно се пациенти на возраст над 60 години, а 79 проценти од смртните случаи припаѓале на групи со висок ризик.
Првиот случај на коронавирус во Бразил беше потврден на 26 февруари.