Бразил на 16 мај, кога генералот Пазуело стапи на функцијата министер, имаше околу 230.000 случаи на зараза со ковид-19, а 15.633 смртни случаи поврзани со вирусот. Од тогаш бројот на заразени и умрени драматично порасна, а Бразил стана втора земја по бројот на заразените.
Под Пазуело во земјата нема координација ни стратегија за битката против ковид-19 па сојузните и локалните власти се препуштени самите да одлучуваат кои мерки ќе ги преземат. Внатрешните граници во Бразил се отворени, што овозможува епидемијата да се шири меѓу градовите.
Според последното истражување кое во Бразил го спроведе институтот Вокс попули, објавено пред два дена, 82 отсто од граѓаните на Бразил мислат дека именувањето на Пазуело за министер за здравство била лоша одлука.