Во Бразил запленети 617 килограми кокаин во пакети со логото „ФК Елбасан“

Полицијата во Бразил заплени 617 килограми кокаин во пакети на кои стои логото на спортскиот клуб „Елбасан“ од истоимениот албански град. се претпоставува дека дрогата требало да стигне во Албанија, пренесе тиранската телевизија Ора њуз.

– Пратката била скриена под поставен дополнителен под на камион. Вредноста на дрогата се пресметува на девет милиони долари, наведува телевизијата.

Возачот на камионот изјавил дека требало да добие 10.000 долари за транспортот на кокаинот.

Полицијата соопшти дека камионот бил пресретнат додека се движел по рурален пат, а тројца мажи и една жена се приведени под обвинение за меѓународна трговија со дрога, но не се наведува чии државјани се.

Покрај дрогата, заплети се и камионот и два автомобила „Фиат“, кои биле користени за контрола на патот додека го придружувале камионот.