Во Брисел се подготовуваат за војна, неопходно е зајакнување на армијата на Унгарија, рече Орбан

Во Брисел се водат подготовки за влез на Европа во војната, па неопходно е зајакнување на одбранбените капацитети на Унгарија, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој изјави за „Радио Кошут“ дека „постојат некои алармантни сличности меѓу сегашното време и времето кога се подготвувале за Првата и Втората светска војна“, пренесува агенцијата „МТИ“.

– Она што денес се случува во Брисел и Вашингтон, или во моментов повеќе во Брисел отколку во Вашингтон, создава атмосфера за можен воен конфликт, што би можеле да го опишеме како подготовка за влез на Европа во војната – рече унгарскиот премиер.

Орбан изјави и дека поради тоа има потреба од зајакнување на армијата, бидејќи тоа само по себе може да ја одврати војната.

– Слабоста е најчеста причина за војни, затоа е неопходно да се има војска и војници, да се направат подготовки и да се зајакнат капацитетите за самоодбрана – рече унгарскиот премиер.