Британските научници испитуваат нов препарат, за кој се верува дека ќе може да го спречи развојот на болеста Covid-19 и кај лица кои биле во директен контакт со коронавирусот SARS-CoV-2, пишува весникот The Guardian.
Според весникот, овој препарат се базира на антиела и е развиен во соработка со лондонскиот Универзитетски колеџ и британско-шведската фармацевтска компанија „AstraZeneca“ која со Универзитетот Окфсорд веќе ја разви вакцината против коронавирусот. Се претпоставува дека новиот препарат може да осигури моментален имунутет против заразата и да пружи заштита од Covid-19 од шест до 12 месеци.
„Доколку можеме да докажеме дека овој третман дејствува и спречува луѓето кои биле изложени на коронавирусот да развијат Covid-19, тоа би било одлично дополнување на арсеналот оружја кои се равиваат за борбата против овој страшен вирус“, изјвила за весникот водачот на истраживањето, д-р Кетрин Хулихан.
Доколу препаратот биде одобрен, ќе може да биде достапен веќе во мар или парли, додава Хулихан. Истражувачите сугерират дека лекот може да биде применет како итна помош за болничките пациенти и штитениците за стари лица. Лекот, исто така, може да биде корисен за семејствата во кои веќе има лице заразано со Covid-19.
Велика Британија е под посебна тревога откако на 14-декември властите потврдија дека во Лондон и на југоистокот од Англија се појавил нов сој на коронавирусот кој е речиси 70 отсто позаразен, но дека нема докази и дека е посмртоносен од првично познаата верзија на вирусот. Во петокот, шефот на одделот на Светскат здравствена организација (СЗО – WHO), Ханс Клуге, изјави дека овој сој веќе е потврден во осум европски земји, без да ги именува, како и дека претежно е распространет кај помладата популација. Претходно такви случаи потврдија Германија, Холандија, Данска, Франција, Италија и Ирска, а во светот Австралија, Јапонија и Сингапур.
Иако британските власти наведуваат дека нема показатели дека новиот сој може да предизвика раст на бројот на леталните исходи и хоспитализациите, според истраживањето кое во средата го објави Центарот за математички модели при Лондонскиот колеџ за хигиена и тропска медицина, новиот сој веројатно ќе доведе до зголемување на хоспитализациите и смртните исходи на почетокот од 2021 година, дури и доколку остане регионални ограничен. Новиот сој, според стручњаците, е за 56 отсто поингективен од вообичаениот сој на коронавирисот. Поради тоа, научниците сугерираат властите да го забрзаат процесот на имунизација на населението.