Во Британија запленети рекордни 294 милиони фунти во криптовалути

Британската полиција запленила рекордни 294 милиони фунти, или 344 милиони евре во криптовалути, во рамките на истрага за перење пари на криминални групации кои се свртеа кон виртуелните валути.

Лондонската полиција објави во вторникот дека запленила 180 милиони фунти (210 милиони евра), три седмици откако запленила 114 милиони фунти (133 милиони евра) во засега непозната за јавноста критповалута.

„Парите и натаму царуваат во светот на криминалот, но со раззвојот на дигиталните плаформи сѐ повеќе гледаме дека криминалците ги користат кртиповалутите за да ги исперат своите валкани пари“, изјави шефот на лондонската полиција, Греам Мекналти.

Во рамките на истрагате е уапсена 39-годишна жена, се наведува во штурото соопштение.

Имајќи предвид дека криптовалутите се главно анонимни и по својата природа глобални, некои од најголемите криминални групи во организираниот криминал на светот ги користат за да перат пари и секоаш се чекор пред полицијата и даночните власти.