![beatris princeza](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2025/01/beatris-princeza.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Во британското кралско семејство пристигна принова, принцезата Беатрис се породи. Ќерката не принцот Ендру и Сара Фергусон роди ќерка, соопшти Бакингемската палата.
„Нејзиното кралско височество принцезата Беатрис и г-дин Едоардо Мапели Моци со воодушевување го објавуваат раѓањето на својата ќерка Атина Елизабет Роуз Мапели Моци, родена во среда, 22 јануари, во 12:57“, објави веб-страницата на кралското семејство. Девојчето е родено со нешто повеќе од 2 килограми.
Кралот и кралицата и другите членови на кралското семејство се информирани и се воодушевени од веста. Принцезата Беатрис и г-дин Мапели Моци би сакале да му се заблагодарат на болничкиот персонал за нивната прекрасна нега. Нејзиното кралско височество и нејзината ќерка се здрави и добро се, а семејството сега ќе ужива со Атина и нејзиниот постар брат или сестра, Волфи и Сиена“, додале тие.
Принцезата Беатрис роди ќерка пред три години во болницата „Челзи и Вестминстер“ во Лондон. Девојчето се вика Сиена Елизабет Мапели Моци, а очигледно е дека средното име го добила по нејзината прабаба кралицата Елизабета Втора. И Атина ја доби во своето име истата посвета, Елизабет.
View this post on Instagram
Инаку, Беатрис и Едоардо се венчаа во јули 2020 година. Моци имал неколку сериозни врски, од кои едната резултирала со свршувачка, а со поранешната свршеница го има синот Волфи, која беше спомнат во кралската објава.