Во бродолом крај брегот на Тунис загинаа најмалку 14 мигранти

Најмалку 14 мигранти загинаа, а 54 се спасени по потонувањето на брод со кој се обидувале да стигнат до Европа, јавуваат туниските власти. Бродоломот се случил вечерва во близина на брегот на Тунис, недалеку од тамошниот регион Сфакс.

Бродовите на крајбрежната стража спречија 14 други бродови со вкупно 435 мигранти да го преминат Средоземното Море. Најголем дел од мигрантите се од субсахарска Африка, но има и Тунижани.

Туниските власти во последните неколку недели апсат поединци, главно субсахарски мигранти, кои се наоѓаат на територијата на Тунис и немаат документи за престој.