Во Будимпешта следната пролет почнува изградба на нов огромен клинички центар за кој ќе се инвестираат 835 милиони евра. Се предвидува да биде завршен за 4 години, односно во 2026 година. Клиничкиот центар ќе биде изграден на површина од 223.000 квадратни метри и ќе обезбеди грижа за 1,2 милиони луѓе. Со исклучок на пластична хирургија за лица кои страдаат од изгореници, сите други здравствени услуги ќе бидат достапни во центарот, објави „Дејли њуз хангари“.
Роберт Бедрос, консултант на унгарскиот премиер Виктор Орбан, вели дека во овој клинички центар буквално сè ќе биде во врска со пациентите. Не само за нивното закрепнување, туку и за создавање оптимална околина што најдобро ќе им служи. Покрај тоа, центарот нема биде намент само за населението во главниот град, туку ќе примаи пациенти од 5 окрузи лоцирани во Западна и Централна Унгарија и непрекинато ќе обезбедува итна помош.
Одлуката идниот клинички центар да биде лоциран во јужниот дел на Будимпешта е направена врз основа на празниот простор што се наоѓа таму идеален за ваква комплексна болница. Покрај тоа, болницата се гради на добра локација во однос на јавниот превоз. Веќе има 20 автобуски линии, но инфраструктурата и дополонително се развива.
Во однос на големината на болницата, таа е извонредна не само за Будимпешта и Унгарија, туку и за целиот свет.
Услугата ќе биде првокласна. Ќе има многу еднокреветни соби, со што ќе се обезбеди можност за семејни посети, со оглед на тоа што, според повеќе студии, закрепнувањето во такво опкружување се покажало поефикасно.