Во Бугарија 4.054 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа во Бугарија се регистрирани 4.054 нови случаи на коронавирусот, што е за 13 повеќе од претходниот ден и најмногу од почетокот на епидемијата, соопшти Министерството за здравство.

Од последниот пресек, тестирани се 13.203 примероци. а починале уште 54 лица.

Најголем број на новозаразени има во Софија – 1.477.

Од почетокот на епидемијата во Бугарија има вкупно 64.591 заразени, од кои 1.466 луѓе починале.