Во Бугарија се оддржуваат локални избори на кои 6.227.901 бугарски државјани избираат претседатели на општини, општински советници и власт на локално ниво.
Според податоците на бугарската Централна изборна комисија 36.225 кандидати се борат за локална власт. Над 29.000 за локални советнички места, 1.254 кандидати за градоначалници во 265 општини и над 5.000 носители на локалната власт во селските средини.
Утринава точно во 7 чесот беа отворени вкупно 11.864 избирачки места, а гласањето завршува во 20 часот, пренесе БГНЕС.
Во текот на денот забранет е секаков вид кампања, како и објавување резултати од анкети.