Вршителот на должноста вицепремиер на Бугарија и министер за труд и социјална политика Лазар Лазаров ќе ги извршува функциите премиер за периодот од 16 до 19 февруари 2023 година, соопштија од прес-службата на бугарската Влада.
Техничкиот премиер Галаб Донев поради здравствени причини не планира јавни настапи до крајот на неделата, јави БТА.