
Пријател на браќата Шериф и Саид Куаши кои го извршија терористички акт во Париз и застрелаа 12 лица во француското списание „Шарл ебдо”, 28-годишниот Фриц Жоаким од Париз, е уапсен на бугарско-турската граница, при обид да ја напушти Бугарија.
Тој е во притвор, а уапсен е неколку дена пред крвавите настани во француската престолнина.
Денес во Окружното обвинителство – Хасково била добиена европската потерница за Жоаким. Во неа се вели дека тој е баран за терористички активности, како и дека е близок до двајцата браќа, кои беа застрелани при акција на француските специјални делови.
Жоаким пристигнал на ГП Капитан Андреево со неговата девојка и уште две лица. При проверката станало јасно дека тој се бара од Интерпол, бидејќи неговата сопруга поднела жалба во Париз дека го киднапирал нивното три годишно дете. Затоа бил уапсен, а судот во Хасково одржа мерка за притвор «притвор”.
Денеска во судската комора пристигнала уште една европска потерница во која се наведува дека Жоаким е соучесник во терористичка група и е соработник на браќата Куаши. Се очекува во среда или во четврток окружните судии да одлучуваат дали странецот ќе биде предаден на француските власти.
Денес пред судот тој изјави дека сака да се врати во Франција. На седницата стана јасно дека целта му била да отиде во Сирија. Пред судиите Жоаким изјави дека не е борец.