По низата навреди упатени на македонска адреса и негирањата на македонскиот јазик, Бугарите во емисијата „Милионер“ поставувајќи прашања за македонци не нарекуваат северномакедонци.
Експертската јавност реагира дека ова е уште еден чекор од негацијата на македонскиот јазик.
И покрај ваквите чекори на Бугарите , македонската влада која тврди дека за јазик и идентитет не се преговара, воопшто не реагира на провокациите, ама затоа МНР преку соопштение остро ја нападна навивачката група Комити дека вандалски и нецивилизирано се однесувале за време на одбележувањето на 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Но не само што ги осудува постапклите, македонското МНР поврзало и да се оправда пред бугарските институции дека постапуваат по случајот.
Бурно се реагира и на социјалната мрежа Твитер каде корисниците реагираат дека идентитетот ни е „БЕТОН“, алудирајќи на изјавите од минатото.