Во СВР Скопје вчера во 23.20 часот било пријавено дека на ул.„Босна и Херцеговина“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Л.Л.(43) и М.Л.(47), од една страна и Л.Т.(25) и Л.Т.(30), сите од Скопје, од друга страна.
Сочинети се записници за констиран прекршок по член 12 став 3 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.