„Во Центар“: На Срѓа Поповиќ му е забранет влез во Русија и Белорусија, затоа што се бави со рушење на легално избрани влади

Поранешната организација ОТПОР која го рушеше Слободан Милошевиќ, сега прерасна во организација КАНВАС. Новинарот Васко Ефтов во последното издание на неговата емисија „Во Центар“ набројува само некои од државите во кои оваа организација се обиде да направи обоени револуции.

На оваа тема разговараше со Срѓа Поповиќ, поранешен лидер на ОТПОР.

Кмара, тоа е во Грузија. Кмара значи „Доста“. Пора е во Украина. Украинците користат и боја. Зумбар е име на бизон. Мјафт е албански. 6-ти април беше во Египет, наброи Поповиќ.

Главниот уредник на српски Информер, Драган Вучичевиќ, во емисијата вели дека токму Поповиќ го водеше ОТПОР во Србија, а сега ја води другата организација КАНВАС. На овој човек му е забранет влез во Русија и Белорусија затоа што тој се бави со рушење на легални влади.

Колку што знам тој работи и кај вас во Македонија, во Бугарија и во Романија. И сега внимавајте, тој во својот прирачник за, како што вели,  „мирна, граѓанска и ненасилна“ промена на власта, вели дека е потребно да се изврши рано делегитимирање на изборите. Рана делегитимизација. Тоа значи пред и по изборите. Значи пред изборите вие сега го гледате тоа во Македонија, тоа го прават кај вас, однапред велат дека изборите ќе бидат украдени, вели Вучичевиќ.

Новинарот Ефтов анализира дека ваквото однесување во Македонија започна по изборите во 2014-та година кога не ги признаваа резултатите од изборите и сега прават таква рана делегитимизација за изборите кога и да се случат да бидат невалидни за да не учествуваат на тие избори.

Однапред се прави алиби, сега ќе имаме избори во Македонија, сега се прави алиби во кое треба да се каже: „Аха, ако победат Груевски и Иванов, тие ги украле изборите, ако изгуби Заев тој е украден“. Тоа ќе се случи и не само во Македонија и Србија, Црна Гора, ќе се случи и во Бугарија сигурно. Затоа што и Борисов не им одговара на западњаците. Премногу е силен и независен. Ним им треба премиер за кој никој нема да знае дека постои, рече српскиот новинар.