Во бранот сибирски студ што ја зафати последните денови цела Европа, а досега се регистрирани 40 смртни случаи предизвикани од арктичките температури, а ниските температури и снегот претставуваат и голем проблем за сообраќајот.
Во овој бран од екстремен студ кој британските медиуми го нарекоа „Ѕверот од Истокот“, Холанѓаните „Сибирска мечка“, Швеѓаните „Снежен топ“, додека Французите го избраа името „Москва – Париз“, од петокот во Полска починале 18 чица, во Естонија од почетокот на февруари се регустрирани седум жртви, во Чешка шест, во Литванија пет, по четворица во Франција и Словачка, двајца мртви има во Италика колки од Романија,
Во текот на ноќта кон седата температурите во планинсмките дрлови од Хрватска и БиХ се спушти на минус 21 степен, во Лубек на северот од Германија на минус 20, на југот од Полска на минус 19, во белгиски Лиеж на минус 18, а во околината на Лондон на минус 10 Целзиусови степени. Во Швајцарија, во Глаталп на 1.850 метри надморска височина забележани се минус 36 степени.
Во Велика Британија, Холандија, на Балканот и во Скандинавија снегот и голомразицата предизвикаа големи проблеми во сите видови транспорт.
Поради големиот стид, безмалки целиот континент се грее „на максимум“, па руски „Газпром“ објави дека за шест дена ги надминал сите дневни рекорди на испораки на гас во Европа. Само во понеделникот биле испорачани 666,8 милиони кубни метри гас.
Австрискиот таблоид Osterreich наградата „најзамррзната работа во Австрија“ им ја додели на Лудвиг Расер и Нирберт Даксбахер, вработени во метеоролошката станица во Сонблик на 3.109 метри надморска височина, кој трипати дневно вршат мерења. За сите мерења им се потребни околи еден час време на минус 32 степени, а со источниот ветар чувството на студ се движи околу минус 60 степени целзиусови.