Научници откриле дека нивото на 60 познати дизинфекциски нуспроизводи во приготвениот чај е значително помало отколку во водата од чешма, меѓутоа откриено е и дека во често консумираниот пијалак има околу 500 соединенија кои може да реагираат со хлорот за да формираат нови сѐ уште непознати и евентуално штетни нуспроизводи, покажуваат резултатите од истражувањето објавено во списанието Environmental Science & Technology.
Чајот е вториот најчесто консумиран пијалак на светот, по питката вода. Составот на чаевиот лист е темелно проучен и врз основа на тие податоци научниците обично извлекуваат заклучоци за ползата од чајот, неземајќи ги притоа предвид својствата на главната компонената на чаевата напивка – водата.
Кога зовриената вода од градскиот водовот се користи за подготовка на чај, остатокот од хлорот кој се користи за дезинфекција може да реагира со соединенијата од чајот за да се формира ткн дезинфекцински нуспроизводи (Disinfection Byproducts – DBPs), од кои повеќето во позначителни концентрации се опасни за здравјето.
Американските научници од Универзитетот на Јужна Каролина, заедно со кинеските колеги од Универзиеттот Тијанџинг го измериле нивото на 60 познати DBPs супстанции во трите најпопуларни марки чај: зелениот „Twinings“ и црните „Earl Grey“ и „Lipton“ и неочекувано откриле дека нивото на ваквите супстанции во приготвениот чај било помало отколку во водата од чешма. Авторите на студијата тоа го објаснуваат со фактот дека многу од соединенијата испариле во текот на подготовката на пијалокот или биле апсорбирани од чаевите ливчиња.
Истовремено, научниците откриле многу досега непознти DBPs во приготвениот чај. Ефектите на овие супстанции врз човековото здравје не се засега проучени, но според авторите, чајот содржи околу 500 соединенија, вклучително и полифеноли, аминокиселини, кофеин и друго, коишто може да реагирааат со хлорот и да формираат дезинфекцински нуспроизводи. Некои од нив, во претходни истражувања покажале дека се поврзани со ризик од појава на рак и компликации во текот на бременоста и породувањето.
Истражувачите со помош на методата гасна хроматографија, спектаометрија на масата со висока резолуција, првпат идентификувале 15 од овие соединенија, за коиште авторите сметаат дека се формирани со реакција на хлорот со природните фенолни и полфенолни прекурсори во ливчињата на чајот. Покрај тоа, DBPs може да се формираат и како резултат на реакции на соединенијата во самата вода од водовод.
Вкупното количество на органски халогени, коишто го претставуваат најголемиот дел DBPs , во чајот било приближно двојно повисоко отколку во водата од чешма која била користена за приготвување на пијалакот. Биле идентификувани околу четири отсто од нив, а најголемиот дел, повеќе од 12 отсто, се соединенија како што е дихлороцетната и трихлороцентна киселина, како и хлороформ, кои сѐ уште биле во составот на водата.
И покрај фактот што околу 96 отсто од вкупното количество органски халогени останале недијагностицирани, нивната концентрација според авторите не претставува никава опасност за луѓето. Имено, за да се надминат здравствено сигурните нивоа од овие супстанции, треба дас е испијат повеќе од 50 филџани чај дневно.