Полицијата во моментов интервенира на територијата на општина Чаир откако по жестока расправија и физичка пресметка било посегнато и по огнено оружје, јавува Инфомакс.мк. Во моментов немаме информации сега за сега која е причната за немилиот настан.
Според информациите со кои што располагаме случувањата се одвивале во близина на штаб на ДУИ, па се поставува прашањето дали се работи за внатрепартиска пресметка. Со оглед на историјата ваквите пресметки во ДУИ во кои било употребено и огнено оружје не се реткост.
Како што претходно посочивме, било посегнато по огнено оржује, но сега засега немаме информации дали имало и пукање. Следете не за повеќе детали во текот на денот.