Полицијата вчера приведе четворица дилери на хероин од Чаир, а тројца од нив се во роднинска врска.
Како што соопшти МВР, полициски службеници извршиле претрес во домот на Ф.П.(43) во Чаир, каде биле пронајдени и одземени кеса со хероин, кутија во која имало 60 мали пакувања со хероин и една кеса со остатоци од хероин. Ф.П. бил приведен во полициска станица.
Претрес бил извршен и во домот на неговиот брат Ф.П.(51), исто така во Чаир. Притоа, била пронајдена мерихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана, пиштол марка „Екол Фират Магнум ЕФ810399 Волтран“.
Ф.П. и неговиот син Б.П. биле приведени во полициска станица.
Истиот ден бил извршен претрес и во домот на Г.П.(41) во Чаир. При претресот била пронајдена и одземена кафеава прашкаста материја, дигитална вага и две фолии со остатоци од прашкаста материја. Г.П. бил приведен во полициска станица.
По документирање на случаите, против четворицата приведени ќе биде поднесен соодветен поднесок.