Во Чешка е забрането да учестуваат руски спортисти

На сите спортисти што ја претставуваат Русија им е забрането да учествуваат на локални натпревари во Чешка, бидејќи продолжува руската инвазија на Украина, соопшти чешката влада доцна на 28 јуни.

Владата соопшти дека го забранила „учеството на поединечни спортисти и спортски тимови кои ја претставуваат Руската Федерација во спортски натпревари и игри организирани на чешка територија“. Во исто време, спортистите и тимовите што ја претставуваат Чешка не смеат да учествуваат на натпревари што се одржуваат во Русија, се додава во соопштението.

Одлуката е донесена на барање на чешките спортски асоцијации.

Претходно, имаше забрана само за дел спортови, како на пример чешките хокеари на мраз кои играат во руската Континентална хокеарска лига не можеа да играат за чешката репрезентација.