Ширењето на заразите со коронавирусот забрзало во Чешката Република и во петокот првпат се забележани повеќе од 3.000 случаи во еден ден, само 24 часа откако првпат дневниот број заразени надмина 2.000 слуачи.
Во замјата којашто има 10,7 милиони жители се забележува еден од најголемите растови на бројот на новозаразените со коронавирусот на дневно ниво во Европа. Инаку, дневниот број на кораинфекциите во Чешка дури во септември надмина 1.000 случаи.
Чешките здравствени власти во петокот соопштија за 3.130 нови сличаи кои биле потврдени во четвртокот, во споредба со средата кога имаше 2.137 коронаинфекции.
Во земјата од почетокот на епидемијата на коронавирусот потврдени се вкупно 44.155 случаи на зараза, од кои оздравеле 23.377 пациенти, а регистрирани се 489 смртни исходи.
Поради острото ширење на заразата, чешкото министерство за здравство од средата вечерта објави дека рестораните, кафулињата, баровите, ноќните клубови и сличните локали ќе можат да примаат толку гости колку што имаат места за седење. За настаните во затворени простори со повеќе од десет лица, секој посетел ќе мора да има доделено место. Со тоа би требало да се создаде „одредена дистанца“. Исклучок се изложбите и трговските саеми.
Владата соопшти дека ги зголемува капацитетите за тестирање на Covid-19, како и дека болниците се подготвени да се справата со зголемениот број хоспитализирани на дневно ниво од неколку стотици лица. Министерството за здравство претходно објави дека на одделите за интензивна нега во земјата има 1.086 празни кревети и 7.870 кревети со кислородна поддршка.