Во Чешка трет ден со ред рекорден дневен раст на коронаинфекции

EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

Чешка во неделата, трет последователен ден известува за најголем раст на новозаразените со коронавирусот на дневно ниво, а денеска е потврден 1.541 нов случај.

Покрај тоа, станува збор за петти ден со ред во кој земјата со 10,7 милиони жители на дневно ниво евидентира над 1.000 новозаразени, а бројот на новите случаи на заразата забрзано започна да расте во текот на август.

Според податоците на Европскиот центар за превенција и контрола на болестите во последните 14 дена чешките власти пријавиле 94 нови случаи на заразата на 100.000 жители. Само Шпанија и Франција во истиот период забележаче поголем скок.

Од почетокот на извувнувањето на пандемијата на короанвирусот Чешката Република релативно добро се справува со заразата во споредба со своите западноевропски соседи, и бројот на починатите од последиците од Covid-19 е понизок од они во повеќето европски држави. Со саботата во земјата починале 453 пациенти од вкупно 35.401 случај, а 60 отсто од пациентите оздравеле.

И покрај остриот раст на бројот на заразените, чешката влада извести дека бројот на хоспитализираните сѐ уште е под 400 лица, колку што беа забележани во првите неколку месеци од избувнувањето на епидемијата во земјата. Со брзиот раз на новозаболените, од петокот се хиспитализирани 297 пациенти во однос на 172 на почетокот од септември.

Чешка беше една од првите европски земји кои ги затвори границите и во кои беше пропишано носењето маски, беа затворени училиштата и малопродажните дуќани, а патувањета беа ограничени со цел да се сузбие натамошното ширење на вирусот. Во текот на летните месеци рестриктивните мерки беа ублажени. Чешка сака да го избегне повторното воведување на строгиот карантин кој во второто тримесечје резултирањше со рекордни загуби во економијата коишто на годишно ниво достигаа и 11 отсто. Минатата седмица повторно беа заострени правилата за употреба на маските за лице ширум земјата.

Чешка 10.000-от случај на зараза со коронавирусот го пријави дури кон крајот на јуни, а 20.000 заразени евидентираше кон средината на август, за веќе минатата седмица оваа бројка во кус период да надминат 30.000 случаи.

Остриот раст на бројот на заразените во Чешка ја принуди соседна Германија во средата да објави дека од патниците кои ќе пристигнуваат од чешката престолнина Прага при влез во земјата ќе се бара негативен тест на Covid-19 или двонеделен карантин.