Во четврток во Брисел нова средба на претставници на Косово и Србија

Во четврток се одржува следната средба меѓу Косово и Србија. Косово ќе биде претставено од координатор за дијалог кој сè уште не е назначен. Премиерот Хоти вели дека дијалогот со Србија не е технички, туку политички и оти ќе доведе до заемно признавање. Токму поради тоа Хоти најави дека утре ги покани политичките лидери на состанок.

 Авдула Хоти, премиер на Косово:

„Нормализацијата на односите е дериват на меѓусебното признавање. Секое решение што го правиме во конечниот договор за нормализација на односите треба да биде дериват на заемно признавање како две независни држави кои решаваат отворени прашања меѓу нив. Дијалогот е политички само за меѓусебно признавање и за нормализирање на односите.“

За состанокот што се очекува да се одржи оваа недела во Брисел, беше најавено дека ќе се разговара за две главни теми, исчезнатите лица и економските прашања. Во делот за економијата влегуваат воени отштети, пензии, уништување на приватна сопственост и други прашања.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи е против техничките разговори со Србија, додавајќи дека разговори во таков формат се водат изминативе 9 години. Според него, преговарачкиот процес треба да се заврши со меѓусебно признавање.

Хашим Тачи, претседател на косово:

„За нас е од суштинско значење меѓународниот фактор да биде координиран, прво ЕУ да биде обединета, но да има и тесна координација меѓу Вашингтон и Брисел зад а имаме безбеден, кредибилен и прифатлив процес.“

Дијалогот Косово-Србија продолжи на 16 јули во Брисел меѓу косовскиот премиер Абдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ.