Во Црна Гора 2019 минатата година странците купиле недвижен имот во вредност од 169,99 милиони евра, што е за 12,6 милиони помалку од една година порано. Најголеми купувачи се Русите, Србите и Турците, покажуваат податоците објавени денеска од Централната банка.
Податоците за трговијата со недвижнините кои се објауваат се многу важни за црногорската економија, бидејќи овие транскации се сметаат како директни странски инвестиции.
Минатата година, граѓаните на Руската Федерација тргуваа со недвижнини за речиси 39 милиони евра, што е на исто ниво како и претходната 2018 година, а веднаш зад нив се државјаните на Србија кои за недвижнини потрошиле 16,6 милиони евра или 2,1 милиони повеќе отколку во 2018-та. Турците, пак, тргувале за 12,7 милиони евра.
Меѓу најголемите купувачи на недвижнини, кои тргувале со над десет милиони евра, се и државјани на членки на НАТО, Американци со потрошени 10,7 милиони евра и Германци, кои тргувале за 10 милиони евра.
Меѓу поголемите трговци со недвижнини во Црна Гора се Швајцарците, но информациите за нивната трговија се тајни.
Минатата година жителите на Косово се појавија како значајни купувачи на недвижнини во Црна Гора, тргувајќи за 4,39 милиони евра, а милион повеќе инвестираа Унгарците, кои потрошиле 5,15 милиони евра на недвижен имот.
Граѓаните на Албанија сѐ повеќе се заинтересирани за недвижнини во Црна Гора, па затоа за овие цели издвојуваат речиси два милиона евра, додека Австријците купуваа за 2,7 милиони, а Чесите за 2,8 милиони евра.
Интересно е што Кинезите во текот на минатата година не тргувале воопшто со недвижнини во Црна Гора, за разлика од Канаѓаните, кои купувале имоти за милион евра, Финците кои потрошиле речиси 1,8 милиони и граѓани на БиХ кои купиле недвижнини за речиси 2,5 милиони евра.