Во Црна Гора од 20 октомври стапува на сила законот за неработни недели

Црногорската Управа за инспекциски работи соопшти денеска дека првата неработна недела за вработените во трговијата ќе биде 20 октомври и додаде дека казните за тие што ќе ги отворат продавниците ќе биде од 1.000 до 10.000 евра.

Како што е наведено, можно е и трајно затворање на објектите.

Трговија на големо и мало, како што е пропишано со новиот закон, не може да се обавува во недела и на државни и други празници.

Тоа е исклучок само за аптеките, специјализираните продавници или трафики за продажба на леб, пекарски производи и колачи, како и за продавниците за цвеќе, сувенири, весници, средства за заштита на растенија, погребна опрема, бензински пумпи и продавници за трговија на мало во рамки на бензинските.

Предвидено е во недела да работат пазарите со тезги, витрини и автомати надвор од пазарите и подвижни продавници, како и објекти лоцирани во затворени места на автобуски и железнички станици, аеродроми и пристаништа.

Законот стапува на сила во понеделник, 14 октомври.