Во Црна Гора поевтинуваат 25 прехранбени производи

Во рамки на акцијата „Стоп за инфлацијата“, во Црна Гора од денеска поевтинуваат 25 прехранбени производи, меѓу кои јогурт, јајца, млеко, сирење и некои видови свежо и суво месо.
Врз основа на договорот на Министерството за економски развој, во кампањата се вклучени пет трговски ланци каде граѓаните ќе можат да купуваат одредени прехранбени производи по минимални цени.
Кампањата ќе трае до крајот на април со можност за продолжување.
Трговците можат да ја прошират, но не можат да ја скратат предвидената листа на производи планирани во антиинфлациската кошничка.