Во Црна Гора, поради изборите нема вработувања до 25 јуни

Поради неодамна донесениот Закон за финансирање на политичките партии кој предвидува „пауза“ во вработувањата месец дена пред и по изборите, никој нема да може до 25 јуни да се вработи во 13 црногорски општини и во Подгорица.

Локалните избори во 13 општини и во Подгорица ќе се одржат на 25 мај. Таа законска одредба е непозната во пракса и ги погоди не само потенцијалните нововработени лица, туку и многумина кои се во работен однос на одредено време. Деновиве очекувале продолжување на работните ангажмани како што било и до сега.