Во Црна Гора почина 65-годишен маж од последици на новиот коронавирус, соопштија од Клиничкиот центар во Подгорица. Пациентот бил во Србија во првата половина од месецот.
Тој е прва жртва на вирусот „Ковид-19“ во таа држава.
Мажот, кој бил од Херцег Нови, бил примен во Клиничкиот центар со хронично белодробно заболување во саботата навечер, јавија црногорски медиуми.
– Примерокот за брис е земен по пристигнувањето на пациентот во Клиничкиот центар, а анализите потврдија дека пациентот имал Ковид-19. Овој граѓанин бил во Србија во првата половина на овој месец, се вели во соопштението од Клиничкиот центар и Институтот за јавно здравје.