Во Црна Гора се гради воен полигон и покрај протестите на граѓаните

Црногорската влада во четвртокот ја усвои одликата за изградба на воен полигон за обука во централниот дел од земјата, и покрај протестите на граѓаните и стравувањата за штетите врз животната средина, пренесуваат медиумите во Подгорица.

Претходно црногорската влада поднесе предлог за градење полигон за гаѓање на вооружените сило во шумскиот масив Сињajeвина, во централниот дел на земјата. Локалните жители, дел од опозицијата и невладините организации протестираа, бидејќи сметаат дека пукањата и уништувањето на муницијата од НАТО ќе ја наруши животната средина, а ќе има последици и врз земјоделието и туризмот.

Митрополитот на Црногорско-проморската епархија на Српската православна црква Амфилохие и многу жители во август ја потпишаа петицијата поднесена до надлежните институции на споменатата локација да ѝ биде одреден статсот на природен парк и да се забрани изградбата на полигонот. Одговарајќи на оваа иницијатива, вицепремиерот Милутин Симовиќ изјави дека „армијата за Сињajевина може да донесе само она што е добро за граѓаните“.

„Вкупната површина (на полигонот) ќе изнесува 7.500 квадратни мети, а владата, како одговорен субјект, ќе се однесува со одговорност… Со доаѓањето на армијата нема да се наруши животната средина. Министерството и другите структури се уверија во тоа дека нема да има штетно влијание“, рече министерот за одбрана Предраг Бошковиќ за црногорскиот јавен сервис.

Притоа Бошковиќ како пример го наведе стариот полигон Криволак во Македонија каде што во јули и август се одржаа вежби под покровителство на НАТО со учество на 300 американски војници на кои имаше стрелби со боева муницаја. Според него, „анализите на животната средина покажаа нила загадување пред и по вежбата“.