Во Црна Гора се насетува малцинска влада

Политичката партија Обединета реформска акција (УРА), на потпретседателот на црногорската влада Дритан Абазаовиќ, најави во понеделникот дека ќа ја повлече поддршката за актуелното владејачко мнозинство и побара поддрпка за формирање малцинска влада.

Партијата УРА, која во парламетот има три пратеника, кон крајот на декември потпиша менорандум за соработка со опозициските Бошњачка партија и Социјалистичката народна партија која е на власт, кој би бил вовед во ваквиот расплет на ситуацијата во црногорскиот парламент.

Повикувајчо на поддршка од пратениците за малцинската влада, челлникот на УРА, Дритан Абазовиќ, изјави дека новата извршна власт нема да има место за Демократската партија на социјалистите (ДПС) на деценискиот претседател на земјата Мило Ѓукановиќ, како и за Демократскиот фронт за кој стојат Србите во Црна Гора, но дека би сакал и тие политички опции да ја поддржат малцинската влада.

„Нашиот концепт е јасен – сакаме малцинска влада, да ја поддржи може секој, но да влезе, не сум сигурен“, истајна Абазовиќ соопштувајќи дека постои можност некои министри од актуелната влада да ги задржат своите позиции. Според него, другата опција е распишување нови парламентарни избори.

Абазовиќ оцени дека владатра во претрходниот период „направила доста“, но дека резултатите не биле такви како што се очекувало и тоа поради недостиг од поддршка.

„Сега дојдовме во ситуација кога треба да го одблокираме европскиот пат. Ние нудиме модел за кој сметаме дека е можно решение. Никому не му се наметнуваме, тоа е можното решение коешто ќе биде понудено на 81 пратеник и ако е можно да го поддржи најмалку 49 пратеници“, рече Абазовиќ.

Рече и дека до крајот на седмицата очекува одговор од сите политички партии за евентуалната поддршка за малцинската влада.

Во црногорскиот парламент УРА има три пратеника и беше „тегот на вагата“ со чија помош беше формирано владејачкото мнозинство од 41 пратеници до вкупно 81 мандат.

Црна Гора пред повеќе од една година доби влада којашто се претставува како експертска водена од премиерот Здравко Кривокапиќ, лидер на коалицијата За иднината на Црна Гора, којашто со УРА на Дритан Абазовиќ и коалицијата Мирот на нашата нација, на претседателот Алекса Бечиќ, на изборите одржани кон крајот на август 2020 година првпата по три децении ја порази Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ.

Владата на Кривокапиќ ведна по незјиниот избор се најде на условување од политичките парти кои го сочинуваа парламентарното мнозинство, а особено незадоволен беше Демократскиот фронт кој го обвинува за неисполнување на предизборните ветувања особено во однос на интересите на српската заедница, и секогаш беше на работ да падне.

Голем тег беше тоа што големо влијание за формирање на владата на Кривокапиќ имаше Српската православна црква во Црна Гора, која очекува измиени на законот за слобода на вероисповед кој го донесе претходната влада на ДПС и за кој вели дека е без преседан во светската историја зашто со неа се сака на СПЦ да ѝ се одземат историски манастири и цркви во Црна Гора.

Претходно во понеделникот специјалниот американски пратеник за западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави во интервјуто за Гласот на Америја (VOA), дека САД не сметаат дека Демократскиот фронт е „соодветен партнер“ и дека оваа партија поттикнувала поделби во Црна Гора, ги блокирала реформите и приближувањето кон Европската унија.