Во Црна Гора со коронавирусот заразени речиси 10 отсто од населението

Црна Гора би можела, доколку го задржи дневниот просек од 500 новозаразени на кој е од почетокот на годинава, до крајот на јануари да дојде до бројката 10 отсто од популацијата која се заразила со коронавирусот.

Со 463 нови позитивни случаи забележани во четвртокот, Црна Гора од почетокот на годината регистирала вкупно 51.160 слуичаи на инфекции со короанвирусот, додека во моментов актовни се малку помалку од 10.000 случаи.

Црна Гора со 1.497 активно заболени на 100.000 жители е водечка земја во регионото по овој параметар, зад Словенија со 1.082 и БиХ со 852 случаи на 100.000 жители, пренесува црногорската агенција МИНА.

Црногорскиот институт за јавно здравје регистрираше во четвртокото седум смртни случаи поврзани со коронавирусот, па вкупниот број починати од почетокот на пандемија поврзани со Covid-19 изнесува 712 лица, што е повеќе од 0,1 отсто од популацијата која има малку над 600.000 жители.

Црна Гора, којашто во мај лани се прогласи за единствената „корона-фри“ држава во Европа, почна да бележи остар број на заразените и починатите по масовните политички собири пред и по парламентарните избори кои се одржаа на 30-ти август, кога на црногорските улици во само неколку дена излегоа повече од 100.000 луѓе.