Во Црна Гора зголемен број на позитивните случаи и на тестирањата

Црногорскиот Институт за јавно здравје соопшти во понеделникот вечерта дека позитивно биле речиси 400 лица што се објаснува со околу 2.000 тестови на коронавирусот кои поради големиот број се испратени во лабораторија во Германија.

Со најновата бројка, бројот на заразените во Црна Гора, кој со денешните нови 66 случаи од 479 примероци во последното деноноќие од почетокот на јуни изнесува вкупно 963, значително ќе се зголеми, што, како што рече директорот на Институтот, Бобан Мугоша, би можело да влијае на воведување нови епидемиолошки мерки.

„Според досегашните податоци со кои располагаме, нѐ загрижува тоа што повеќе од 20 отсто од примероците кои се испратени на обработка во Германија се позитивни, што значи дека ќе има натамошен раст и тоа ќе влијае на тоа како ќе ѝ простапиме на епидемијата“, се вели во писмената изјава на Мугоша.

На прес-конференцијата појасни дека во Црна Гора се тестирани вкупно 25.000 граѓани или 396,4 на 100.000 жители, поради што црногорските лаборатории ги зголемиле своите капацитети за десет пати, но, исто така, воспоставена е соработка со една од најголемите европски лаборатории во Германија, каде се испратени 2.000 примероци.

„Резултатите се внесуваат во база (…) и во следните два дена кога ќе внесеме контрола на сите резултати же може да дадат точен резултат“, рече Мугоша.

Во Црна Гора во вториот бран на коронавирусот кој започна кон средината од јуни, заразени се трипати повеќе лица отколку во првиот бран, забилени се 324 лица. Во поментот стапката на заболени е 139 на 100.000 жители. Вкупниот број починати е 24, девет во првиот бран и 15 во вториот.