Во Црна Гора живеат 20 мултимилионери

Во текот на 2013-та година во Црна Гора биле регистрирани  20 мултимилионери кои поседуваат имот од две милијарди долари, покажуваат податоците кои што ги објавила сингапурската компанија „Велт х“.

Според стандардите на компанијата, која што направила глобален извештај за светските богаташи, мултимилионер е оној кој поседува имот од над 30 милиони долари.

Вкупната вредност на имотот на црногорските мултимилионери изнесува 46 отсто од вредноста на бруто домашниот производ на Црна Гора.