Во декември најголем пад на кинескиот извоз во две години, рекоредн суфицит со САД

Кинескиот извоз во декември минатата 2018 година забележал најголем пад во последните две години и покрај најбрзиот раст на извозот во последните седум години, а неочекувано се намалил и увозот, што укажува на натамошнмо слабеење на втората според обемот економија во светот, додека политички чувствителниот суфицит со САД во целата мината година достигнал рекордно ниво.

Извозот на Кина во декември неочекувано паднал за 4,4 отсто во однос на истиот месец претходната 2017 година, при што побарувачката ослабела кај повеќето кинески големи извозни пазари. Забележан е и шокантен пад на увозот, и тоа за 7,6 отсто, што е најмногу уште од јули 2016 години, покажуваат во понеделникот објавените официјални податоци.

„Извозот паднал повеќе од очекуваното, имајќи предвид дека растот се ублажил, а тегот на американските царини зајакна. Увозот, исто така, нагло паднал поради оладувањето на домашните побарувачки. Очевкуваме дека и извозот и увозот ќе останат слаби во претстојните тримисечја“, се наведвуа во извештајот на Capital Economics.

Послабата кинеска домашна побарувачка веќе се чувствува ширум светот. Забавена е продажбата на разните производи, од паметните телефони на американскиот технолошки гигант до автомобили, што веќе предизвика предупредување од „Apple“ и „Jaguar Land Rover“ за целената добивка.

Тмурните декемвриски извештаи за трговската размена укажуваат дека кинеската економија кон крајот 2018-та го загубила еланот, и покрај низата владини мерки за поттикнување растот, кои ја вклучуваа и поголемата потрошувачка и пониските даноци. Некои аналитичари веќе почнаа да нагаѓаат дека владата во Пекинг можеби ќе мора да ги забрза и интензивира своите мерки за стимулирање на економијата оваа година, имајќи предвид дека во декември во кинеските производствени капацитети ја намали активноста.

Во целата 2018 година вкупниот извоз на Кина пораснал за 9,9 отсто, што е најбрзата стапка на раст во последниет седум години, на 2.480 милијарди американски долари. Истовремени увозот пораснал за 15,8 отсто, така што трговскиот вишок во размената со остатокот од светот достигнал 351,8 милијарди долари.

 

Рекореден суфицит со САД

Дополнителна грижа претставува податокот и дека Кина во 2018 година остварила досега најголем тргвоски суфиците со САД, бидејќи тоа би моќело да го поттикне американскиот претседател Доналд Трамп да го засили притисокот во трговскиот спор со Пекинг.

Кинескиот политички чувствителен суфицит со САД пораснал за 17, 2 отсто на 323,32 милијарди долари минатата година. Колку за споредба, во претходната 2017 година овој суфицит изнесувал 275,8 милијарди долари. Овој вишок во трговската размена со САД последица од растот на кинескиот извоз во Соединетите држави за 11 отсто и стагнација на увозот.

Големиот кинески трговски суфицит со САД долго време беше една од најболните точки на Вашингтон, кој бара од Пекинг да преземе чекори за да го намали. САД минатата година воведе рестриктивни увозни царини на кинески стоки во износ од неколку стотици имилијарди долари, а се закани и со дополнителни мерки доколку Кина не ја промени својата пракса по прашањата на индустриските субвиненција и интелектуалното сопственост. Пекинг, исто така, возврати со свои мерки во поглед на царините. Пекинг го прозива Вашингтон за практиките кои оневозможуваат фер конкуренција во САД, како што се нивните субвенции, но и многубројните злоупотреби на законот за национална безбедност за да се опструираат „нормалните инвестициски активности“ на кинеските компании на американскa територија.